Свет
27. May 2021 - 10:29

Кирби: Русија не ја означуваме како непријател

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на синоќешниот брифинг за новинарите изјави дека не бил запознат за неодамна одржаната воена вежба на Русија и Србија.

Тој одговарајќи на новинарско прашање каков е ставот на САД за тоа што Србија, земја членка на програмата на НАТО Партнерство за мир, дозволува воени вежби со Русија на своја територија.

– Никој не ja етикетира Русија за непријател, тоа вие го направивте, но тоа не е одредница што би ја искористиле во однос на Русија, изјави Кирби.

За воената вежба во Србија, тој истакна била одржана од две независни држави и дека не поседува конкретни информации за тоа.

За средбата на 16 јуни во Женева помеѓу претседателот Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, Кирби истакна дека не е запознат каков распоред ќе има министерот за одбрана Лојд Остин, кој ќе биде дел од делегацијата во Женева.