Кинг: ЕУ мора да ја унапреди одбраната од кибер напади
Европската унија мора да ја зајакне својата одбрана од кибер напади, која заостанува зад модерниот свет на интернет и мобилни телефони, предупреди денеска комесарот за безбедност Џулијан Кинг.
Тој додаде дека Брисел ќе издвои 10,8 милиони евра за 14 земји-членки на ЕУ да ја зајакнат својата одбрана од кибер напади по големиот напад забележан ширум светот оваа недела.
- Нашата моментална зависност од интернет, апаратите кои се приклучени на интернет и технологијата во овој момент, се поголеми од нашите можности за заштита и мораме нешто да направиме по тоа прашање, посочи Кинг.
Во најновиот кибер напад во вторникот беа погодени компјутерите на најголемата нафтена компанија во Русија, меѓународниот аеродром во Украина, глобалната фирма за бродски транспорт „A.P. Moler - Mersk“ и најголемата маркетинг агенција WPP.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола