Кинеските власти планираат изградба на мегалополис
Кинеските власти откриваат „историски“ планови за изградба на нов град во специјалната економска зона наречена „Сионган ново подрачје“, што треба да биде на површина трипати поголема отколку најголемиот град во САД, Њујорк.
Властите кои го рекламираат проектот ги поттикнуваат луѓето да купат недвижност засега на пуста земја. ЦК на КП на Кина и Државниот совет во заедничка изјава го опишуваат градот кој никнува на 100 км југозападно од Пекинг како „клучен дел од стратегијата за новиот милениум“.
– Тоа е голем историски и стратешки избор на ЦК на КП на Кина на чело со Си Џинпинг, се вели во заедничката изјава.
Новиот град се очекува да го намали притисокот што се однесува на автомобили и луѓе со кои е преоптоварен Пекинг во кој живеат околу 22 милиони луѓе.
– Сионган ќе биде решение за кинескиот раст. Тоа нема да биде само реплика на историскиот успех на Кина туку ќе биде нова приказна за иднината на новиот град, наведуваат кинески медиуми.
По објавата на властите, цените на недвижностите се зголемија речиси двојно за еден ден.Интересот беше толку голем што во понеделникот владата прогласи привремена забрана за купување недвижност.
Властите препорачаа и социјалните медиуми и објавите на интернет „да контролираат негативни коментари во врска со најавите за основање нов град“.
Можеби најимпресивна работа во целата приказна е во тоа што Сионган е само дел од иницијатива на кинеските власти да на подрачје кое ги опфаќа Пекинг, Тианјин и делови од провинцијата Небеи, создадат мегалополис во кој ќе има 130 милиони жители.
Владата веќе одобри 36 милијарди долари за изградба на 1.100 км нови железнички линии за три години, а кои треба да бидат основа за транспортниот систем од новит мегалополис. Долгорочно е планирана и изградба на 24 градски линии (до 2050) година, а осум до 2020 година. Целта е од кој било крај во идниот град да се стигне до другиот крај за еден час.
Ново на Сител
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал
-
Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар
-
Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан
-
Бесент: Мислам дека Путин е воен злосторник, но со него треба да преговараме
-
Чешкиот претседател ги гледа истите елементи во денешниот свет што ја предизвикаа Втората светска војна
-
Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари