Кинескиот вицепремиер Хан Женг ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на Трамп
На покана од американската страна, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Хан Женг, ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на претседателот Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Кина ги следи принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисна соработка кога станува збор за нејзините односи со Соединетите држави, рече портпаролот-Подготвени сме да работиме со новата американска администрација за да го зајакнеме дијалогот и комуникацијата, да ги решиме разликите, да ја прошириме заемно корисната соработка, заеднички да се стремиме кон стабилни, здрави и одржливи односи меѓу Кина и САД и да го најдеме вистинскиот начин за двете страни да се разбираат, додаде портпаролот.
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство