Кинескиот јуан го заменува доларот во богатите држави на Блискиот Исток
Угледниот сингапурски весник „Стрејт Тајмс“ денеска објави информации според кои кинескиот јуан се повеќе го заменува американскиот долар во трговијата на Саудиска Арабија, Катар, Египет и помалите богати емирати од Блискиот Исток со Кина и Хонг Конг.
Според податоците на глобалниот систем за плаќање „Свифт“, над 70 отсто од ланските плаќања кон Кина и Хонг Конг од овој регион се пресметувале во јуани, а тоа е сума од над 200 милијарди долари.
Промоцијата на јуанот како меѓународно призната валута за плаќање во трговијата започна пред две години, прво во југоисточна Азија. По „освојувањето„ на Блискиот Исток, според изјавата на кинескиот премиер Кси Џинпенг, при неговата неодамнешна посета на Саудиска Арабија, Кина ќе преземе чекори за инаугурација на јуанот и во Африка и Европа.
Популарно наречена „Враќање на патот на свилата“, кинеската стратегија за замена на доларот со јуан во меѓународните плаќања треба да го има најголемиот ефект кон почетокот на следната деценија, до кога со директни и посредни инвестиции сега втората светска економија ќе впумпа над 3.000 милијарди долари за поттикнување на економиите и развој на инфраструктурата во Азија, Африка и Европа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 770 повици на 112 во последното деноноќие
-
Прва годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје
-
Бонмати ја освои „Златната топка“ кај дамите
-
Винисиус со порака по неосвојувањето на „Златната топка“
-
Младите Македонци во просек остануваат да живеат со родителите до 32,1 година
-
Собранието треба да ја продолжи 17. седница
-
ФТ: Објавен планот на Трамп за ставање крај на војната во Украина
-
Родри ја доби „Златната топка“