Кинеската економија се опорави од последиците на пандемијата на коронавирусот
Економскиот раст на Кина во првиот квартал од оваа година нагло се искачи на 18,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, откако економската активност во таа земја се опорави од последиците на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Кинеската економија на почетокот на минатата година претрпе најголем пад на економската активност (6,8 проценти) во последните неколку децении.
Во текот на последниот квартал на 2020 година, кинеската економија се опоравуваше од последиците од епидемијата и сега има нагло зголемување.
Економската активност започна да се опоравува минатиот март, кога владејачката Комунистичка партија таму прогласи победа над епидемијата на коронавирусот и почна да дозволува отворање фабрики и продавници.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени