Кинеска вакцина против Ковид-19 испитана врз луѓе е безбедна и ефикасна
Влијателниот британски медицински магацин „Лансет“ оцени дека резултатите од првата фаза од испитувањето на првата кинеска вакцина против Ковид-19 врз луѓе, покажуваат дека таа е „безбедна и поттикнува брз одговор на имунолошкиот систем“.
Во текстот се наведува дека вакцината е испробана врз 108 доброволци, кои биле поделени во три групи, од кои секоја примала различни дози.
Како што се истакнува, вакцината се однесува како природна инфекција и одлично го „учи“ имунолошкиот систем како да се бори против коронавирусот.
За 28 дена, од денот кога е примена, вакцината дава воочени сериозни реакции, што значи дека човечкиот организам е толерантен на вакцината, пишува „Лансет“.
Две недели по инјектирањето на вакцината почнале да се појавуваат антитела против вирусот САРС-КоВ-2, кои го достигнале врвот по 28 дена.
Втората фаза од испитувањето на вакцината почнала со учество на 508 доброволци.
Истражувањето го спроведува тим предводен од професорката по биологија на Воената академија за медицински науки, Чен Веи.
Во Кина се одобрени уште две испитувања на вакцини против коронавирусот врз луѓе.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер