Живот
8. March 2017 - 8:45

Кинеска сакала да се паркира, но предизвика хаос

Сите го знаат „митот“ дека жените се лоши возачи, па при секој проблем во сообраќајот по навика се прашуваме „Дали зад воланот се наоѓа жена?"

Многумина ќе бидат изненадени, но во случајов - навистина се работи за жена. Имено, на видеото подолу може да видиме како возачката на еден кинески паркинг направи вистинско шоу.

По „големи маки“ токму кога ќе помислите дека конечно успеа да се паркира, таа стиснува на педалата за гас и удира во автомобилот паркиран пред неа.

По ова, видно збеснета, Кинезинката излегува од автомобилот и се упатува во непознат правец.