Кина: Вежбите околу Тајван се предупредување за САД и лекција за тајванските сепаратисти
Кинеската војска спроведува маневри околу Тајван за да ги предупреди САД и да им одржи лекција на „тајванските сепаратисти“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.
– Мерките што ги презедовме се одговор на посетата на Тајван од страна на претседателката на Претставичкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси. Одговорот на Кина е оправдан и легитимен и претставува предупредување за поттикнувачи и поука за тајванските сепаратисти, истакна Ванг.
Тој подвлече оти постои само една Кина, чиј составен дел е и Тајван.
Претходно, министерот за надворешни работи на Владата во Тајпеј, Џозеф Ву изјави дека Кина ја искористила посетата на Пелоси за да започне големи воени маневри близу Тајван, со цел промена на статус кво во зоната на Тајванскиот теснец.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април