Кина вели дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се одбрани од новото зголемување на американските тарифи
Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите легитимни интереси, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џианг, додека Вашингтон се подготвува да воведе дополнителни 10 отсто царини за кинески стоки почнувајќи од денеска, јавија кинеските медиуми.
Кина цврсто се спротивставува на заканата од САД да воведат дополнителни царини за кинеските производи под изговор за проблемот со фентанил, рече Лин.
Овој потег на САД следи по сличното зголемување на царините од 10 отсто за кинеските производи во февруари.
Како одговор, Кина воведе дополнителни царини за низа американски стоки, вклучувајќи јаглен, течен природен гас, сурова нафта, земјоделска опрема и автомобили.
Зголемувањето на американските тарифи за увезена стока од Кина на вкупно 20 проценти следи по обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп против Пекинг за трговија со фентанил, синтетички опоид чија употреба предизвика јавна здравствена криза во САД.
Ново на Сител
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната
-
Апелација ја објави пресудата за Боки 13
-
Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес
-
Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница
-
Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот
-
Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман