Свет
18. February 2025 - 10:21

Кина се надева дека „сите засегнати страни“ ќе учествуваат во мировните преговори за Украина

– Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун изјави дека „сите засегнати страни“ во војната во Украина треба да учествуваат во мировните преговори, алудирајќи на средбата на американската и руската делегација во Саудиска Арабија.

Тој ги поздрави напорите за постигнување мир. – Истовремено, се надеваме дека сите засегнати страни и сите заинтересирани страни ќе можат во исто време да учествуваат во мировните преговори.

Се надеваме дека сите страни ќе можат да работат заедно за да ги решат основните причини за украинската криза, да најдат урамнотежена, ефективна и одржлива безбедносна архитектура и да постигнат долгорочен мир и стабилност во Европа, истакна Гуо.