Кина планира да произведува три милијарди вакцини годишно
Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годината, изјави во саботата официјален претставник на Националната здравствена комисија (НХЦ).
-Имаме капацитет да ги исполниме барањата за сопствените потреби во втората половина на годината – рече Женг Жонгвеи, кој исто така ги координира проектите поврзани со развојот на вакцините.
Владата ги објави најновите податоци кои покажуваат дека производството на вакцини е тројно зголемено од 1 февруари до 5 март, на пет милиони дози на ден.
Водечкиот производител на вакцини Синовац Биотех изјави дека го удвоил годишното производство на две милијарди дози овој месец.
Кинеската национална фармацевтска група Синофарм објави дека ќе може да испорача 100 милиони дози вакцина Ковид-19 секој месец, почнувајќи од мај. Целта на групата е да го зголеми производствениот капацитет на три милијарди дози годишно.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста