Кина ја блокира Википедија на сите јазици
Во Кина се забранети сите изданија на Википедија, во пресрет на годишнината од смртоносниот протест на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.
Како што јави ДПА, претходно било блокирано само кинеското издание на Википедија, но сега се недостапни и сите други јазици на онлајн енциклопедијата која ја создаваат корисниците.
Интернет истражувачи од Отворената опсерваторија за мрежна интеракција, која ја води непрофитна организација со седиште во САД, претходно овој месец објавија дека изданијата на Википедија на неколку јазици биле забранети од април.
Забраната доаѓа пред 30-годишнината од смртоносните протести на плоштадот во Тјенанмен во Пекинг одржани на 4 јуни 1989 година.
Кинеската Влада смета дека настанот е многу политички чувствителен и секоја година околу овој датум ја зајакнува цензурата.
Фондацијата Википедија, која раководи со Википедија, не одговорила веднаш на прашањата што и ги испратила ДПА, но фондацијата претходно за Би-Би-Си потврдила дека во Кина се блокирани сите јазични верзии на нејзината интернет страница.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството
-
Фетаи добил закани по живот
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам