Свет
13. March 2020 - 8:36

Кина испратила медицинска помош за Италија

Кина, на повик за помош од Италија, одлучи во оваа најзагрозена европска земја од пандемијата со коронавирус да испрати голема помош во вид на медицинска опрема и апарати.

Станува збор за два милиона маски и околу 10.000 респиратори, како и за 20.000 заштитни одела, заедно со 50.000 комплети за тестирање, пренесе Меѓународното кинеско радио.

Помошта е испратена врз основа на договорот потпишан по телефонскиот разговор на шефовите на дипломатиите на двете земји.

Италија, покрај Кина, е најтешко погодената земја во светот со вирусот Ковид-19.

До утринава вкупниот број на жртви од болеста во оваа земја изнесуваше 1.016, додека заразени се над 15.000 лица.