Кина им врачи демарш на САД поради изјавата на Бајден за Си
Кина врачи демарш до американскиот амбасадор во Кина поради што претседателот на САД, Џо Бајден го нарече кинескиот колега Си Џинпинг, диктатор.
Николас Бернс ја примил дипломатската нота неколку часа по изјавата на Бајден, но кинеските медиуми не ја објавиле.
Според американски претставници необјавувањето на демаршот во медиумите е со цел да се зачува добрата атмосфера што се создаде по посетата на американскиот секретар Ентони Блинкен на Пекинг.
Бајден, еден ден по средбата Блинкен – Си, на донаторска конференција во Калифорнија, изјави дека кинескиот претседател не знаел за наводниот кинески шпионски балон, што беше соборен во американскиот воздушен простор во февруари, додавајќи: „Тоа е голем срам за диктаторите.
Кога не знаат што се случува“.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг пред два дена истакна дека коментарите на Бајден се крајно апсурдните и го нарушуваат политичкото достоинство на Кина и претставуваат политичка провокација.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење