Loading Video...
Свет
4. April 2020 - 14:50

Кина им оддава почит на починатите од ковид-19

Шпанија ја надмина Италија по бројот на заразени. Во последните 24 часа 809 лица во Шпанија го загубија животот како последица на вирусот Ковид-19. Вкупниот број на заразени ја надмина границата од 120.000.

Сепак, за првпат по три дена бројот на починати е под 900, со што западните медиуми јавуваат дека Шпанија е многу близу до достигнување на пикот.

Денеска навршија три недели откако Шпанците се во карантин, а властите планираат да го продолжат за уште две.

Кина денеска се одржува ден на сеќавањето во чест на оние што починале од коронавирусот.

Цела Кина запре на три минути, а возачите свирејќи им оддадоа почит на починатите.

Станува збор за традиција која се одржува секоја година, познат како фестивал Кингминг. Меѓутоа, годинава Кинезите му даваат поголемо значење на овој ден поради големиот број на починати како последица на Ковид-19. Според официјалната статистика, од овој вирус починаа над 3.300 луѓе. Меѓутоа, светските медиуми јавуваат дека овој број всушност многу поголем.