Свет
25. April 2018 - 12:42

Кина го стопира увозот на американска соја

Кинеските компании драстично ја редуцирале набавката на соја од САД по почетокот на трговската војна меѓу двете земји.

Во изминатите две недели не бил потпишан ниту еден нов договор за продажба на американска соја во Кина, информираше американскиот Секретаријат за земјоделие. Три милиони тони соја вредна 1,3 милијарди долари за кои веќе се потпишани договори, се уште чекаат на поповолна политичка ситуација во американските пристаништа.

Кина купува 60 проценти од светското производство на соја, а само од САД годишно увезува соја за 12,3 милијарди долари. Како резултат на трговската војна меѓу Кина и САД, кинеските компании го зголемиле увозот на соја од Бразил за една третина.