Кина го ограничува играњето игри за малолетници на еден час
Компаниите за игри во Кина ќе мора да ги ограничат малолетниците да играат игри во петок, викенд и за празници на еден час дневно, јави Синхуа.
Новите правила за ограничување на времето што малолетниците ќе можат да го поминуваат играјќи игри преку интернет ги објави Националната администрација за медиуми и издаваштво како одговор на растечкиот проблем на овој вид зависност.
Регулаторот пропиша дека играчите на возраст под 18 години ќе можат да играат игри од 20 до 21 часот по локално време, а на компаниите за игри на интернет ќе им биде забрането да обезбедуваат гејминг услуги во која било форма надвор од тие термини. Покрај тоа, компаниите вклучени во оваа активност ќе треба да обезбедат системи за проверка на идентитетот на корисниците и проверка на нивното вистинско име.
Кина претходно го ограничи вкупното време што малолетниците можат да го поминат на платформи за игри на интернет на три часа за време на празниците и 90 минути во други денови.
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?