Македонија
20. August 2016 - 12:47

Километарски колони на Евзони: Свирежи, пцости и нервоза, патниците обединети против грчките цариници

Службите на Автомото сојузот на Македонија утрово јавија дека сообраќајот на граничните премини за излез од земјава се одвива нормално, без поголеми задржувања, па граѓаните се охрабрија неделното кафе да го испијат покрај море.

Но, зажалија. Тие се револтирани од километарските колони на граничниот премин Богородица – Евзони.

-Веќе два часа стоиме во место во меѓупросторот. На Богородица веднаш поминавме, нема застој, но никако да влеземе во Грција, вели  читател на Република.

evzonij 2

Тој вели дека има патници од цела Европа и дека сите се многу нервозни и нетрпеливи, особено оние од Велика Британија, кои цела ноќ возеле за да дојдат до грчките плажи, а сега со часови стојат во место на грчката граница.

-Овде е хаос, возила преминуваат по тревните површини сакајќи да фатат побрза лента, но таква лента, за жал, нема. Сите ленти стојат. Од време на време се слушаат долготрајни свирежи упатени како револт кон грчките цариници, вели Aцо од Скопје.