Балкан
5. July 2018 - 9:50

Километар ипол од местото каде што го фрли во река: Пронајдено телото на бебето на чедоморката од Црна Гора

Четиримесечното дете е пронајдено на километар ипол од местото каде го фрли мајката Едина Кастрати (18), потврди државниот обвинител Хасан Лукач.

Тој заради спроведувањето на натамошна истрага не соопшти повеќе детали, освен дека е наложена обдукција врз телото на бебето.

Кастрати призна дека на 29. јуни својот четиримесечен син го фрлила во Плавска река во Црна Гора. Нејзе и е одредено тридневно задржување.

Обвинителот таа постапка на Кастрати, која до минатата недела живееше со невенчаниот сопруг В.Х. (24) и другот 18-месечен син, ја оквалификуваше како кривично дело тешко убиство - убиство на дете, за кое и се заканува затворска казна од најмалку 10 години.