Килиџдароглу, ривалот на Ердоган на претседателските избори ја обвини Русија за дезинформации
Главниот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу на неколку дена пред одржување на претседателските избори на 14 мај ја обвини Русија дека користи дезинформации како дел од кампањата. Тој издаде предупредување до Русија, обвинувајќи ја за одговорност за објавување на лажни материјали на социјалните мрежи пред гласањето во недела. Киличдароглу, кој според анкетите има мало водство пред долгогодишниот лидер Ердоган, не прецизираше на кој материјал се повикува.
Обвинувањата Киличдароглу дојдоа неколку часа откако еден кандидат се откажа од изборната трка откако беше цел на онлајн кампања со клеветење.
Третиот претседателски кандидат, Мухарем Инџе, се повлече од трката во четвртокот, а како причина го наведе лажниот „атентат на ликот“ направен он лајн. Тој ја објави својата одлука откако беше мета на онлајн кампања со клеветење, која вклучуваше негови фотомонтажи со жени и возење луксузни автомобили.
„Почитувани руски пријатели, вие стоите зад монтажите, заверите, фалсификатите и снимките кои беа откриени вчера“, напиша денеска Киличдароглу на социјалната мрежа Твитер.
Тој испрати и предупредување до Русија.
„Ако сакате да го продолжиме нашето пријателство по 15 мај, повлечете ја раката од турската држава. Сè уште сме за соработка и пријателство,“ напиша Киличдароглу.
Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 28 мај.
Москва и Анкара имаат блиски врски. Русија е најголемиот снабдувач на Турција со енергија. Рускиот претседател Владимир Путин и актуелниот турски претседател Ердоган често разговараат за прашања кои се движат од енергетиката до војните во Украина и Сирија.
Во тензичната кампања пред претседателските и парламентарните избори на 14 мај, политичките партии и на Ердоган и Киличдароглу се пожалија на онлајн обвинувања, вклучително и објавување видеа и фотографии.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство