Киев нареди конфискација на 1,4 милијарди евра од поранешниот претседател Јанукович
Украина денеска почна процедура за враќање на украдените државни средства од поранешниот претседател Виктор Јанукович и неговите блиски соработници во висина од 1,4 милијарди евра.
Советот на национална безбедност и одбрана соопшти дека државната банка „Оштадбанк“ е почнала конфискација на тие средства во согласност со судско решение.
Според претседателот на Советот Олександар Турчинов истакна дека во државната каса ќе бидат вратени 1,5 милијарди долари.
- Тие пари се украдени од украинскиот народ. Земени се од џебот на секој Украинец, посочи украинскиот претседател Петро Порошенко.
Тој додаде дека додека Јанукович бил на власт биле украдени 40 милијарди гривни приближно пет милијарди евра.
Јанукович е обвинет дека присвоил милијарди долари за четири години (2010 - 2014). Тој во февруари 2014 година пребегна во Русија.
Ново на Сител
-
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло
-
Избран нов Управен одбор во М-НАВ
-
Приведен крадец во Куманово
-
Уште една успешна година: Dm drogerie markt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24
-
Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг
-
Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“
-
Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните