Киев ја обвини Германија дека го охрабрува Путин
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја обвини Германија дека го „охрабрува“ рускиот претседател Владимир Путин по одбивањето на Берлин да му достави оружје на Киев, кој стравува од руска инвазија.
Германија денеска соопшти дека во февруари ќе и достави полска болница на Украина и ја отфрли идејата за испраќање оружје.
– Денес единството на Запад кон Русија е поважно од кога било, напиша Кулеба на Твитер.
– Германските партнери треба да престанат да го поткопуваат единството со такви зборови и дела и да го охрабрат Владимир Путин да започне нов напад врз Украина, рече Кулеба.
Тој додаде дека Украина и е благодарна на Германија за веќе дадената поддршка, но оти сегашните изјави се разочарувачки.
Германија веќе и испорача респиратори на Украина, а тешко ранетите украински војници се лекуваат во германските болници, изјави денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во интервју за „Ди Велт“. Таа додаде дека испораката на оружје сега нема да придонесе за смирување на кризата.
Русија негира дека планира каков било напад, но за деескалација бара писмени гаранции за безбедност, вклучително и дека Украина нема да стане членка на НАТО.
Ново на Сител
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции