Македонија
26. March 2023 - 12:05

Кичево: Со „опел“ прво удрил во паркирано возило а потоа и во пешак

На 25.03.2023 во 14.50 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Исен Акиоски“ патничко моторно возило “опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(49) од Кичево, удрило во паркирано патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од А.А.(51) од Кичево, а потоа и во пешакот А.Ф.(59) од Кичево. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ф., констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.