Свет
29. April 2017 - 11:04

Керн: Британците многу ја преценуваат својата позиција

Австрискиот канцелар кристијан Керн оцени дека Велика Британија многу ја преценува својата позиција.

- Тоа што Тереза меј планира со полна пареа да влезе во процесот на Брегзит дава повод за размислување. Мислам дека Британците многу ја преценуваат својата положба, изјави Керн во интервју за виенскиот весник „Естерајх“.

Тој вели дека ако Британците веруваат дека на крајот ќе имаат повеќе слобода или суверенитет, тоа ќе се покаже како погрешна проценка.

- Во реалноста, тие многу ќе изгубат од влијанието, нагласува Керн.

Австрискиот канцелар очекува од Европа цврста позиција во преговорите со Лондон.

- Европа мора јасно да стави до знаење дека кога некој е член, тој ужива значајни предности, а кога не е - тие предности ги нема. Тоа мора да им биде јасно на Британците, истакна Керн.