Кенијата ја прифати одлуката на кенискиот Врховен суд за поништување на изборите
Актуелниот кениски претседател Ухуру Кенијата ги критикуваше судиите на Врховниот суд и ги нарече „крадци“ откако пресудија да ги поништат претседателските избори на кои тој освои мнозинство гласови.
Во обраќањето до своите приврзаници на митинг во Најроби, Кенијата сепак повика да останат мирни и рече дека ја прифаќа одлуката на судот.
- Не се плашам од соочување на уште едно гласање, им порача претседателот, кој сака да добие уште еден мандат.
Кениската државна изборна комисија го прогласи Кенијата за победник на изборите одржани на почетокот од минатиот месец, со освоени 1,4 милион гласови повеќе од неговиот противник, кандидатот на опозицијата Раила Одинга.
Опозицијата одби да ги признае резултатите, тврдејќи дека бил хакиран ИТ системот на изборната комисија, а резултатите од изборите биле „изманипулирани“.
Врховниот суд со мнозинство гласови вчера ги поништи изборите, прогласувајќи ги за нерегуларни и спротивни на Уставот на Кенија и наложи одржување нови избори во рок од 60 денови.
Со пресудата, Врховниот суд не го обвини актуелниот претседател, ниту владејачката партија за причините кои предизвикаа прегласување на изборите.
Ваквата одлука во Кенија и во Африка се смета за „историска“, затоа што првпат претседателски избори на овој континент се поништуваат со одлука на домашен суд.
Во Најроби се стравува дека пресудата може да предизвика немири и улични судири, слични на насилствата кои избувнаа во 2007 година по контроверзните избори, кога беа убиени стотици лица.
На овие избори повторно имаше немири и насилство, кое беше многу помало од она пред десет години, но и сега загинаа најмалку 28 лица.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок