Живот
1. September 2021 - 11:53

Кенија: Раст на бројот слонови и жирафи

Резултатите од пописот на диви животни вo Кенија покажуваат дека бројот слонови и жирафи во земјата е зголемен.

Забележани се вкупно 36.169 слонови – 12 отсто повеќе од 2014 година и 34.240 жирафи. Тоа е зголемување од 49 насто на бројот на жирафи во споредба со тој пред три години, објави вчера Кениската служба за диви животни (КВС).

Бројката на носорози, лавови, зебри и антилопи, исто така, се зголемила последниве години.

Пребројувањето на животните траеше три месеци. Наведени се сите копнени и морски цицачи, важни видови птици и загрозените примати во Кенија. Списокот морски животни открива 63 кита со грпка, два сини кита и 29 големи бели ајкули во водите на Кенија.

Владата на Кенија нареди истражување за да се провери ефикасноста на постојните мерки за заштита на животните.