-->
-->
Кенан Елези заменик градоначалник на општина Маврово и Ростуше
-->
Согласно законот за локална самоуправа, со решение на градоначалникот Медат Куртовски, за негов заменик е назначен Кенан Елези.
– Врз основа на член 52, став 5 од Законот за локална самоуправа и член 39, став 1 од Статутот на општина Маврово и Ростуше градоначалникот Медат Куртовски донесе решение за именување на член на советот на општината за заменик градоначалник. Со ова решение градоначалникот Куртовски за свој заменик го именува лицето Кенан Елези, информираа од општината.
Тој ќе го заменува градоначалникот во случај на негова спреченост и отсуство од работа.
Елези е еден од 11-те членови на советот на општина Маврово и Ростуше. Тој доаѓа од редовите на Либерал демократската партија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо