-->
-->
Келнерка во Кина изеде жива скорпија
-->
Од идејата за јадење живи скорпии веројатно би им се кренала косата на главата на поголемиот број жители на земјината топка, но во делови на Кина токму тоа претставува вистински деликатес.
Една келнерка така доби аплауз од гостите во ресторанот во која работи, кога со стапчињата за јадење дифати една жива скорпија, а потоа ја стави во уста, ја изџвака и ја изеде како да станува збор за некое обично јадење.
Целата „гозба“ во ресторанот на Пекинг ја снимил еден од гостите и видеото го објави на социјалните мрежи.
Се претпоставува дека келнерката, која веќе го доби прекарот „кралицата на скорпионите“, на гостите сакала да им демонстрира како се јадат живи скорпии, со цел да ги охрабри и тие да го пробаат овој „деликатес“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка