Loading Video...
Фудбал
17. May 2020 - 19:52

Келн „прокоцка“ два гола предност против Мајнц

 
Откако вчера, по двомесечна пауза беа одиграни првите натпревари во Бундес лигата, а на шест средби беа постигнати 16 голови, денеска уште четири голови беа постигнати на  средба меѓу  Келн и Мајнц која заврши без победник 2:2. 
 
Домаќините поведоа уште во 5.минута со голот на Мартк Утх од пенал. 
 
По бројните пропуштени шанси во продолжението, конечно во 53-минута, екипата на Келн стигна и до вториот погодок, откако во листата на стрелци се запиша Австриецот, Кајнц. 
 
Но и тоа не беше доволно за победа, бидејќи гостите од Мајнц преку Нигериецот, Авонији во 61-та и Камерунецот, Малонг во 72.минута успеаја да го израмнат резултатот и да избегнат пораз.