Кели: Наводните обиди на Кушнер за „тајни канали“ со Русија не се лоши
Американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели ги оцени како „нешто убаво“ наводните обиди на Џаред Кушнер, зет и советник на претседателот Доналд Трамп, да создаде „таен канал“ за комуникации со Русија за време на преодниот период по изборот на неговиот тест за шеф на државата.
Кели нагласи дека не знае дали тврдењата во медиумите се вистинити, но додаде дека такви тајни канали за комуникација не го загрижуваат, ниту би биле штетни за интересите на САД.
- Според мене тоа е нормално и прифатливо, истакна Кели.
Тој смета дека „секој начин, на кој може да се комуницира со луѓето, посебно со организации, кои не се особено пријателски расположени кон нас, е нешто убаво“.
Конгресменот од Калифорнија, Адам Шиф, кој е највисок претставник на Демокартската партија во Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом, побара преразгледување на дозволата на Кушнер за пристап до класифицирана информација.
Американската администрација има за цел да создаде кризен штаб, сличен на оној на Бил Клинтон за време на истрагата за аферата со Моника Левински.
Ново на Сител
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“