-->
-->
Кејти Пери и Орландо Блум добија ќерка
-->
Кејти Пери го доби своето прво дете со нејзиниот свршеник Орландо Блум.
Поп ѕвездата се породила вчера и на свет донела здраво женско дете кое го доби името Дејзи Дов Блум.
Веста официјално беше соопштена на страната на UNICEF чии амбасадори на добра волја се и двајцата родители.
„Пловиме во љубов и благодарни сме за безбедното и здраво доаѓање на свет на нашата ќерка", се вели во соопштението.
Кејти Пери за прв пат се остварува како мајка, додека Орландо Блум од бракот со Миранда Кер веќе го има 9-годишнот син Флин.
Многу познати личности годинава се остварија или се во очекување да се остварат како родители, па годинава покрај лошото сценарио со Ковид-19, ќе ја паметиме и по нешто добро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар