Казни за непочитување на полицискиот час во Берово и Македонска Каменица
Парична казна од 500 евра побара Основното јавно обвинителство од Берово за едно лице кое не ја почитувало забраната за движење од 21 до 5 часот. Како што соопштија од Обвинителството, лицето во раните утрински часови со автомобил го напуштил својот дом во Берово.
-Притоа се упатил по регионалниот пат Берово-Клепало во насока кон Беровско Езеро, по што враќајќи се назад во насока кон градот Берово кај местото Епрев Дол, било запрено од полициска патрола, се вели во соппштението.
Освен во Берово кривична пријава за непочитување на полицискиот час им е поднесена и на две лица од Македонска Каменица.
-Овие лица ќе бидат обвинети за прекршување на забраната за движење во периодот од 21:00 до 5:00, согласно член 206 од кривичниот законик, велат од делчевската полиција.
Во моментот во четирите најисточни општини Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево во самоизолација се наоѓаат 132 лица од кои најмногу, 77 во општина Берово.
Ново на Сител
-
Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, вели Николоски
-
Николовски: Доколку Пендаровски го потпише Законот за попис ВМРО-ДПМНЕ ќе собере над 10.000 потписи од граѓани
-
Фајзер ја тестира својата вакцина за можна употреба кај деца
-
Дали е конечно затворено прашањето околу употребата на придавката македонски?
-
АстраЗенека: Испораките на вакцината за ЕУ ќе бидат помали од предвиденото
-
Заев: Во најскоро време се очекуваат првите вакцини од „Фајзер“
-
СП Ракомет: Пораз од Русија со 12 гола разлика
-
Џонсон: Новата британска варијанта на Ковид-19 може да биде посмртоносна