Фудбал
15. March 2017 - 11:09

Казни за Милан по дербито со Јувентус

Фудбалскиот сојуз на Италија го казни Милан по контроверзното дерби во петокот, во Торино, кое Јувентус го доби 2:1 со голот на Дибала од пенал постигнат во 97.минута.
 
Напаѓачот на Милан Карлос Бака, по натпреварот, тргна физички да се пресмета со судијата Давиде Маса. Бака кој беше стрелец на голот за Милан, е суспендиран на еден натпревар и парично е казнет со 10 илјади евра.
 
Бака нема да биде во составот на Милан на натпреварот против Џенова. Овој натпревар ќе го пропушти и Хосе Соса кој против Јувентус беше исклучен поради два жолти картони.
 
Директорите на Милан Адријано Галијани и Роко Маиорино минаа само со опомена, овие двајца во медиумите го навредуваа Јувентус, додека Милан како клуб парично е казнет со пет илајди евра.
 
Матија Де Шиљо, кого топката го погоди во раката по што судијата Маса досуди пенал, потоа голманот Донарума и Андреа Поли минаа без казни, иако по натпреварот вербално го нападнаа судијата.