Македонија
25. August 2020 - 10:11

Казни за 426 лица за неносење маски во изминатото деноноќие

На територијата на Република Македонија во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 426 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.