Македонија
28. April 2023 - 8:46

Казнети 109 возачи во Скопје, 19 за брзо возење

Во сообраќајните контроли спроведени вчера од Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции и 10 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се и пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.