-->
-->
Казнени налози против 22 скопјани за непочитување на полицискиот час
-->
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе казнени налози против 22 лица обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОЈО Скопје.
– Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, соопштија од обвинителство.
Обвинителството за сите обвинети му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на износ од 20 евра во денарска противвредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари