Loading Video...
Фудбал
15. July 2021 - 14:24

Казна од 10.000 евра за ФФМ поради кршење на Ковид протиколите на ЕУРО 2020

10 илјади евра изнесува казната која ќе треба да ја плати Фудбалската федерација на Македонија поради прекршување на 
ковид-протоколите на репрезентацијата за време на Европското првенство.
 
Како што стои во одлуката на Европската фудбалска федерација (УЕФА) казната е изречена поради кршењето на протоколите предвидени за време на настапот на шампионатот. 
 
Во краткото ивестување нема детални информации што конкретно се случило иако во периодот на престој во Амстердам низ светските медиуми протекоа информации дека нашата селекција не е во „карантин“. 
 
Процесот кој го разгледуваше УЕФА не се водеше против некој фудбалер, туку се работи за прекршок на националниот тим. 
 
Во одлуката на УЕФА стои дека нашата федерација (ФФМ) ќе мора да плати 10.000 евра во рок од 90 дена кој тече од 10 јули.