Македонија
20. March 2024 - 16:43

Кавги и навреди на седницата на Судски совет

Судскиот совет ќа бира и разрешува судии за време на избори само во итни ситуации ама не прецизира кои се тие. Итноста ќе ја образложувале дополнително. Ова ја налути претседателката на врховниот суд – образложенијата на советот биле најголем проблем за судски, а тоа го забележала и оценската мисија на ЕУ која го скенираше советот.

Соочувањето на аргументите ја вжешти атмосферата во салата на судски. Дел сметаа дека Советот не смее да се самораспушти заради изборите, за други пак тоа веќе било пракса која се применувала за време на секој изборен процес. Не изостанаа и меѓусебните навреди.

Жестоката дебата сомнеж фрли и врз гласањето. Не му се веруваше на електронскиот систем, па одлуката да се бираат судии за време на претседателските и парламентарните избори беше донесена со поединечно гласање.