-->
-->
Кавадаречкиот Дедо Мраз хуманитарно подели 1.500 пакетчиња за деца
-->
Кавадарчанецот Ѓорѓи Вареловски кој веќе 21 година по ред за новогодишните празници во својот двор украсен како од бајките, прима деца од Македонија и странство, деновиве хуманитарно подари 1.500 пакетчиња за најмладите.
-Голем број деца и овојпат беа дел од магијата во, како што велат нивните родители, домот или работилницата на Дедо Мраз. Со сопствени можности, но благодарение и на поддршката од неколку кавадаречки компании и поединци, ја остварив мојата мисија за што повеќе детски насмевки, рече тој за МИА.
Вчера, Вареловски посети две социјално загрозени семејства во селата Дреново и Марена. Децата добија новогодишни пакетчиња, а родителите прехранбени производи и хигиенски средства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот