Кавадарци одбележува 148 години од отворањето на Народно читалиште во Ваташа
Кавадарци денеска одбележува 148 години од отворањето на народно читалиште во селото Ваташа во 1869 година.
Историчарот Петре Камчевски информира дека Јордан Хаџи Константинов-Џинот пишувал за постоењето и функционирањето на читалиштето со напис во весникот „Право”. Тоа, споед него, упатува на претпоставка дека токму Џинот бил иницијатор за такво нешто во Ваташа.
-Просториите во кои било сместено читалиштето се наоѓале во училиштето кое го носело името на првиот македонски печатникар и преродбеник Даскал Камче Поп Ангелов. Селото Ваташа, било едно од првите од таков вид читалишта на село во Македонија. Било снабдено со весници, списанија и книги. На годишнината од формирањето на читалиштето, во 1870 година. Жителите на Ваташа по завршувањето на богослужбата во црквата Света Богородица заминале во читалиштето, па поголем дел од нив подариле пари-грошови за купување на нови ниги, вели Камчевски, кој е директор на кавадаречкиот музеј.
Како факт кој кажува дека селаните ја сакале книгата и имале почит спрема неа, Камчевски наведува дека во тоа време, од вкупно 312 македонски претплатници за книгата „Служение еврејско”, 38 биле од Тиквешијата. Од нив, 13 од Ваташа
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта