Кавадарчанец загинал во сообраќајка, брат му и татко му со тешки телесни повреди на клиника во Скопје
Кавадарчанец загинал во сообраќајка, брат му и татко му со тешки телесни повреди биле пренесени на клиника во Скопје. Оваа вест за МИА ја потврдија од Итната медицинска помош од Кавадарци.
Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР, за МИА рече дека синоќа во 17:15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус“ со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Л.Л.(51) од село Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра“, управувано од М.К.(46) од Кавадарци, сите со кавадаречки регистарски ознаки.
-На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“. Тоа го констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од село Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и сопатничката М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци, појасни Прањиќ Талевска.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово
-
Затвореник нападнал и силувал друг затвореник во Идризово
-
Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан
-
Полицијата најде младо починато момче во Скопје
-
Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа
-
Министерот Мисајловски во Вашингтон на билатерални одбранбени консултации со САД
-
Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, лично го почитувам и тоа го покажуваме со дела
-
Курти: Нападот во Бањска беше терористички чин на агресија против територијалниот интегритет на Косово