Македонија
19. April 2025 - 16:54

Католиците го слават Велигден

Католиците се подготвуваат за прославување на најголемиот христијански празник. 

Во Ватикан главната прослава ќе биде вечерва, а вчера, на Велики Петок во базиликата Свети Петар, кардиналот Клаудио Гуџероти, како делегат на папата Франциск, богослужеше со свечената литургија на Господовите Страдања.

И во Римокатолчката катедрала „Пресвето срце Исусово“ се прават последните подготовки за прославување на Велигден.

Празнувањето на најрадосниот ден во христијанството почна уште од Цветници.

Но главната прослава ќе биде вечерва.

Отец Винко Маслаќ испрати и велигденска порака за сите христијани.

Во храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата на православието кое што секоја година се случува на Велика сабота и пред Воскресението Христово – Велигден. 

Голем број верници и туристи денеска беа во Ерусалим за да го посведочат чинот.

Православната и католичката црква повеќе од 400 години користат различни начини за одредување на датумот на Велигден. Но двата Велигдена можат да бидат оддалечени дури пет недели. Тие може да се совпаѓаат две години едно по друго, но може да помине и цела деценија без поклопување на двата Велигдена.