„Катимерини“: нејасни информации за бројот на бегалци во Грција
Додека на грчките острови секојдневно пристигнуваат стотици мигранти од Турција, останува нејасно колку точно мигранти и бегалци во моментов има во земјата, со оглед на тоа што официјалните бројки на Владата укажуваат на необјасниви осцилации во бројките, пишува „Катимерини“.
Според владините податоци објавени вчера, во Грција има 7.800 мигранти и бегалци кои не се во организираните државни прифатни центри, туку нивната локација не е позната. Сепак, Владата се уште ги вклучува во својата вкупна пресметка на мигранти кои во моментов се во Грција.
Весникот забележува дека во текот на изминатите неколку недели од државните објекти исчезнуваат мигранти.
Во камповите Херсос и Поликастро во северна Грција, на 8 август биле сместени 3.730 и 3.697 бегалци. Само неколку дена подоцна, на 11 август, бројот на мигранти во Херсос паднал на 3.290 и 3.128 во Поликастро. Според вчерашните бројки, во Херсос имало 1.800 мигранти, и 1.975 во Поликастро.
Бројот на мигранти во Грција, кои не се во државни објекти, на 8 август се зголемил на 7.800 од 2.200 колку што биле на 8 август, покажуваат владините бројки.
Но, се чини нејасно дали официјалните статистички податоци ја одразуваат вистинската состојба, коментира „Катимерини“.
Од 8 август, во Грција од Турција пристигнале вкупно 3.660 мигранти. Со оглед на тоа што бројот на мигрантите во Грција на почетокот на август изнесувал 57.047, со новите бегалци треба да биде вкупно 60.707. Но, според официјалните бројки на Владата, во земјата има вкупно 59.694 мигранти и бегалци.
На 23 август, грчката Влада ги објави резултатите од процесот за „пред-регистрација“ на мигрантите во Грција. Помеѓу 6 и 30 јули, вкупно 27.592 мигранти биле „пред-регистрирани“, што е дополнување на 5.800 кои претходно биле пред-регистрирани.
Во тоа време, заменик-министерот за миграциска политика Јанис Музалас рече дека меѓу 4.000 и 6.000 мигранти не можат да бидат земени предвид, истакнувајќи дека тоа е нормално за „население кое се движи“.
Приливот на мигранти од Турција, кој не престанува, претставува голем терет за државните објекти кои се пренаселени. Грчката Влада вети дека ситуацијата ќе биде поправена, преку отворање на нови центри на копно со што ќе се ослободи простор во преполните објекти на островите.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија