„Катимерини“: Иницијатива од Грција за ЕУ перспективата на Северна Македонија и Албанија би го кренала авторитетот на Атина
Ако Грција сака одново да се врати на Балканот, можеби сега е најсоодветниот момент, пишува весникот „Катимерини“ во анализата за ситуацијата на Балканот, особено во Северна Македонија и Албанија по француското вето на Самитот на ЕУ, но и за позицијата на Грција и нејзините можни следни чекори, јави дописничката на МИА од Атина.
– Една иницијатива од Атина за одново, во следниот период во ЕУ, да се дискутира барањето за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија нагло би го подигнала авторитетот на Грција и би ја вратила на позицијата на кредибилен европски играч на Балканот, проценуваат дипломатски извори зад нашите граници, пишува „Катимерини“.
Дипломат од земјите што се директно засегнати за весникот се запрашал „зошто сега да не преземе иницијатива грчката страна, која од 2003 имаше амбиција да стане локомотива на балканскиот воз кон Европа“ и додал дека резултатот би бил позитивен не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за Грција, но и за останатите балкански земји.
„Катимерини“ коментира дека една иницијатива би била добредојдена за албанскиот премиер Еди Рама, а за Зоран Заев „може да послужи како спас на претстојните парламентарни избори, на кои е под закана од тежок пораз од националистите, доколку Европа не стори ништо за да му помогне во последниот момент“.
Она што би можело да се направи, според грчкиот весник, е на состанокот на министрите за надворешни работи овој месец, Италија одново да го отвори прашањето за датум за пристапни преговори за Скопје и Тирана, да се разгледа одлуката на претходниот Самит и да се свика вонреден пред изборите во април.
– Ваквата разврска за да има среќен завршеток ќе треба Франција да ја има смени позицијата, но засега такво нешто не произлегува од никаде, а Макрон и понатаму го има вниманието насочено кон внатрешниот фронт (и) за прашањето со проширувањето, пишува весникот.
Во однос на Договорот од Преспа и сценариото за „замрзнување“ на ерга омнес во внатрешноста, новинарот коментира дека теоретски тоа може да се случи „од моментот кога имплементацијата е поврзана со интегратнивниот процес кој е замрзнат барем до јуни“ и додава дека ова, политички би му било во корист на македонскиот премиер во пресрет на изборите.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници