Катица Јанева спроведена во затворот „Идризово”
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева попладнево е спроведена во затворот во Идризово, потврди за МИА директорот на КПД „Идризово“ Јовица Стојановиќ.
Спроведувањето следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на седум години затвор, додека Бојан Јовановски на девет години.
Поранешната специјална обвинителка е осудена за злоупотреба на службената положба, а Јовановски за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.
Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од три години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството