Катица Јанева со ново писмо од притвор поднесе оставка
Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затворот Скопје го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15 јули, дознава Сител..
Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево.
Оставката која Јанева ја напишала рачно, доаѓа во ист ден со одлуката на Комисијата за избори именувања која едногласно реши да му предложи на Собранието да ја разреши.
Јанева и вчера напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното обвинителство.
Во јули на денот на апсењето на Боки 13 Јанева поднесе одложена односно условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом партиите изберат нов специјален обвинител.
Од Советот на обвинители велат дека независно дали Јанева поднела оставка собранието ќе мора да гласа за нејзино разрешување бидејќи таква е процедурата пропишана со закон.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија