Македонија
12. October 2019 - 16:37

Катица Јанева се лекува приватно на своја сметка, кој ја обезбедува болницата Жан Митрев?

Катица Јанева и викендот останува на болнички третман во приватната болница на Жан Митрев. Поради влошената здравствена состојба неопходни биле дополнителни испитувања, потврдуваат од нејзиниот адвокатски тим. Не добивме официјален одговор од болницата каде е сместена Јанева и кој ја чува бидејќи е притворено лице. Неофицијално, таа е под 24 часовен надзор од затворска полиција а според нeoфицијалните информации има и обезбедување од приватната здравствена установа. Сместена е сама во соба бидејќи не смее да има контакт со останати пациенти.

Арестантско одделение за притворени лица и затвореници има само на скопските клиники. Но поранешната специјална обвинителка побарала медицицнска помош во приватна болница. Извори за Сител од затворот во Шутка велат дека има право на тоа, но во такви случаи прегледите и болничкиот третман ќе ги плати од свој џеб.

Фондот за здравствено осигурување во приватни болници ги покрива само кардиохируршките интервенции а не и кардиолошките кои пациентите ги плаќаат приватно. Тоа значи дека и Јанева треба сама да плати за коронарографија и испитувањата што и биле направени, како и за болничкиот престој.

Освен Јанева, изминатиот период неколку пати на лекар одеше и Бојан Јовановски кој со специјалната обвинителка се осомничени во исто дело. Но Боки 13 два пати со болничко возило беше на преглед на Дигерстивна хирургија и последниот пат во ГОБ 8-ми септември, каде заврши со Брза Помош откако му се слоши во Обвинителството.