Катица Јанева преку Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија
По барање на специјалната обвинителка Катица Јанева денес полицијата раководена и командувана од Оливер Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко.
Градоначалникот на општината Пустец на албанската политичка сцена стана синоним за отпор во истрајноста и борбата за заштита на правата на Македонците во Албанија. Едмонд Темелко поради ангажирањето за македонското прашање ги доби и симпатиите во регионални рамки.
Тој минатата година по трет пат стана градоначалник на Општината Пустец добивајќи огромно мнозинство од гласовите. Тогаш медиумите пренесуваа дека Едмонд е човекот кој ја одбрани честа на Македонците. Тој со 4 пати повеќе гласови од својот противник стана градоначалник на оваа значајна општина.
Сега тој е уапсен од полицијата раководена од Спасовски, по наредба на Катица Јанева поради сомневање за поврзаност со изборни измами. Според квалификациите изнесени од специјалното обвинителство, а чие име беше објавено веднаш на опозициските медиуми оркестирано, повеќе од јасно е дека Темелко е дел од политичката хајка најавена од Заев а спроведувана од Катица Јанева.
Ново на Сител
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско