Фудбал
3. February 2018 - 10:54

Катастрофа на Палермо во Емполи

Дербито од второлигашката конкуренција во Италија помеѓу Емполи и Палермо им припадна на домаќините кои славеа убедливо со 4-0 со што се зацврстија на врвот на табелата додека Палермо сега е на 3 место зад Фросиноне.
Нашите интернационалци Несторовски и Трајковски беа стартери во тимот но не помогнаа многу да се избегне тешкиот пораз по што  Несторовски во улога на капитен ја презеде одговорноста за поразот и најави подобри игри на следните средби кои ќе го вратат тимот во врвот и Серија-А.